Тухел заработил отказ поради последното интервју во кое си ја отвори душата

24

Угледните француски и германски медиуми тврдат дека Томас Тухел добил отказ како „божиќен подарок“ од водечките луѓе на ПСЖ, кои на крајот одлучиле да го послушаат својот спортски директор Леонардо кој веќе подолго време беше во мисија да го избрка германскиот стручњак.

Од клубот се уште мудро молчат и не ја објавуваат веста која веќе кружи во јавноста, а според медиумите кои први ја обија информацијата за врачениот отказ, пресудно за разделба се покажало последното интервју на Тухел кое тој го одработи за домашниот медиум „Спорт 1“.

Во истото, Тухел се пожали дека не е доволно ценет и почитуван за тоа што го направи за ПСЖ, па претпоставките се дека ова ја прелило чашата кај раководството кое на крајот одлучило да му ја исполни желбата на Леонардо, без оглед на тоа што „светците“ на последниот меч го победија Стразбур со 4:0.

– Ни недостасуваше само една победа, само еден меч за да ја освоиме Лигата на шампионите, но ние и со самиот пласман во финалето направивме историја. Никогаш немав чувство дека ги задоволивле луѓето, никогаш не ја ценеа мојата работа. Тоа те прави тажен, но истовремено и лут од време на време.

– Како и да е, очекувањата во клубот и неговото опкружување се огромни, освојувањето на домашното првенство нема доволно значење како на пример во еден Баерн Минхен. Понекогаш е тешко да се справите со ѕвезди како во ПСЖ, понекогаш многу лесно. Огромен е предизвикот да се задоволат сите овие момци. Немам грижа за иднината, мене само ми се допаѓа фудбалот, но тука често знае да не се зборува само за фудбал. Понекогаш се зборува предолго за само една измена што сте ја извршиле, а работата на тренерот е да го прави тоа, – гласи последното интервју на Тухел.