Уапсени 18 лица поради кршење на полицискиот час, двајца се шетале вооружени

7

Кривични пријави ќе бидат поднесени и против 23 лица кои биле фатени надвор од своите домови иако имале решенија за изолација или потпишале изјава за самоизолација. Еден од нив е спроведен во карантин во државен објект.Во моментов полицијата контролира 618 лица кои се во изолација со решение и 7.307 со изјава за саомизолација

Осумнаесет лица се уапсени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави бидејќи не го почитувале полицискиот час, соопшти предмалку минстерот за вантрешн и работи, Наќе Чулев. Тој оцени дека полицискиот час, односно ограничувањето на движењето на граѓаните од 21 до 06 часот генерално се почитува.

„ Мојот впечаток и впечатокот на колегите е дека полицискиот час генерално се почитува на територијата на целата дражава“, рече Чулев.

Од осумнаесетмината уапсени, две лица се од Куманово и кај нив било најдено оружје. Петмина тетовци и двајца гостиварци се уапсени бидејќи не го почитувале полицискиот час и биле агресивни кон полицајците кои првенствено ги опоменале. Двајца радовишани и штипјанец исто така се на листата на уапсени а полицијата трага по едно лице од Виница кое успеало да побегне. Во Скопје, ноќеска нема уапсени. Против уапсените се поднесени кривични пријави по член 206 од Кривичнито законик, адвајцата кумановци исто така ќе одговараат и за нелегално поседување на оружје.

„Во текот на полицискиот час опоменати се 74 лица но сакам да нагласам дека најчесто станува збор за лица кои биле во автомобили“, појасни Чулев.

Во последното деноноќие фатени се нови 23 лица к,ои не ја почитувале наредбата за изолација а еден од нив ќе одговара кривично и веќе е спроведен во државен карантин.

Во моментов МВР контролира 618 лица кои имаат решенија за изолација и 7.307 лица кои потпишале изјави за самоизолација. Досега вкупно се поднесени 77 кривични пријави за непочитување на изолацијата и карантинот.

МВР досега извршило контроли во 1.674 објекти и поднесени се 18 кривични пријави