Убив пријателка, пукањето беше една во трилион епизоди, кажа Алек Болдвин

2

Алек Болдвин првпат јавно зборуваше откако на филмски сет во Ново Мексико случајно ја уби снимателката Халина Хачинс, која ја опиша како негова пријателка. Тој додаде дека ќе се залага за намалување на присуството на огнено оружје на снимањата со цел да се заштити безбедноста на луѓето.

Обвинителите не ја исклучија можноста да бидат покренати криминални обвиненија за случајот. Болдвин кажа дека полицијата му наредила да не зборува за истрагата.

Четириесет и двегодишната Хачинс беше застрелана на снимањето на вестерн филмот „Раст“, кога Болдвин испукал од пиштолот не знаејќи дека е наполнет со вистинска муниција. Во инцидентот беше повреден и режисерот Џоел Соуза.

„Таа ми беше пријателка, Дента кога дојдовме во Санта Фе и почнавме со снимањето бевме на вечера со Халина и Џоел. Бевме многу, многу добро подмачкана екипа и потоа се случи таа ужасна несреќа. Вакви инциденти се случуваат исклучително ретко. Ова беше една во трилион епизоди“, изјави Болдвин, кој е и продуцент на филмот.

Во средата, истражителите кажаа дека од рамото на Соуза бил изваден вистински куршум и дека имало претходни поплаки за безбедноста на сетот. Адвокатите на оружарката на филмот Хана Гутиерес-Рид изјавија дека таа не знаела како вистинска муниција се нашла на снимањето. Таа ги обвини продуцентите дека создале небезбедни услови за работа.