Убиени најмалку три лица во пукотница во болница во САД, напаѓачот се самоубил

8

Маж вооружен со пушка и пиштол уби четири лица во медицинска установа во Тулса, Оклахома, по што се самоубил.

 

Полицијата брзо пристигнала во болницата и спречила напаѓачот да повреди поголем број луѓе.

Полицијата пристигнала во болницата свети никола три минути откако добила повик за пукање на вториот кат, изјавил преставник на полицијата во тулса.

Во соопштение локалната полиција информира дека се обидува да го утврди идентитетот на напаѓачот од тулса и проценува дека мажот е на возраст меѓу 35 и 40 години.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател џо бајден е известен за пукотницата, додавајќи дека внимателно се следи ситуацијата, а на локалните власти им била понудена секаква неопходна помош.