Убиен братот на Серж Орие

8

Братот на фудбалерот на Тотенхем, Серж Орие, Кристофер е убиен во пет часот утрово. 26-годишниот Кристофер бил застрелан во раните утрински часови пред ноќен клуб во Тулуз, од каде веднаш бил пренесен во болница, но за жал докторите во локалната болница во Тулуз не успеале да го спасат неговиот живот.

Француските власти отворија истрага околу случајот, а убиецот се уште е во бегство. Кристофер исто така беше фудбалер, но далеку помалку познат од неговиот брат Серж. Тој настапуваше во петтата француска дивизија за тимот на Тулуз Родео. Во 2011 беше на мета на Брентфорд кој настапува во Чемпионшип, но трансферот на крајот не се оствари.

Исто како и Серж и тој кариерата ја почна во Ленс, но за разлика од неговиот брат не успеа да направи поголема интернационална кариера.