Убиен напаѓачот од Тајланд, морбидни снимки од местото на масакрот (ФОТО+ВИДЕО)

5

Војник полн со омраза уби 26 луѓе, а рани 57, во најстрашниот напад со огнено оружје на Тајланд. Беше убиен во трговски центар на североистокот на земјата, соопштија властите.

Тие рекоа дека војникот бил гневен поради финансиски спор, па прво убил двајца луѓе во воена база, а потоа тргнал во многу покрвав поход, пукајќи во трговскиот центар додека купувачите престрашено бегале.

На полицијата ѝ требаа 16 часа за да ѝ стави крај на кризата.

Министерот за јавно здравје на Тајланд, Анутин Чарнвиракул, потврди дека војникот е убиен во трговскиот центар Терминал 21.

„Благодарност до полицијата и армијата што ја окончаа ситуацијата. Напаѓачот е убиен!“, напиша тој на Фејсбук, а тоа го потврдија и полицијата и војската.

Полицијата го идентификуваше осомничениот како 32-годишниот војник Џакрапант Тома.

Нападот почна во саботата околу 15 часот по локално време, кога војникот почнал да пука во една куќа, пред да замине во воен камп, а потоа и во трговски центар, цело време објавувајќи пораки на Фејсбук.

Наредникот Тома ги убил својот командант и двајца други, па украл оружје од воениот камп, изјави портпаролот на Министерството за одбрана.

Осомничениот потоа се довезол до центарот на градот и влегол во трговскиот центар.

Локалните медиуми објавија и снимки на кои војникот излегува од автомобил пред трговски центар и пука додека луѓето бегаат.

АП известува дека мотивот за нападот е спор околу земјиште.

Војникот го убија воените сили по целоноќната опсада на трговскиот центар Терминал 21 во тој град, околу 250 километри од главниот град Бангкок.