Убиен тригодишниот син на политичар во Киев

5

Тригодишениот син на политичар е застрелан синоќа кога непознати напаѓачи пукале на автомобил „ренџ ровер“ на градски советник. Возилото го управувал Вјачеслав Соболев, бизнисмен и пратеник на регионалниот совет.

Напаѓачите се обиделе да го застрелаат Соболев преку страничниот прозорец на возачот, но кушумите завршиле во неговиот син. Тригодишнто дете починало во брзата помош на пат кон болницата, јавуваат локалните медиуми.

Се верува дека вооружените лица избегале од местото на настанот во „лексус седан“.
Тригодишното дете е најмалиот син на политичарот, кој е татко на пет деца.

Министерството за внатрешни работи не соопшти информации за идентитетот на сопственикот на возилото или идентитетот на жртвата.

„Како резултат на прострелна рана, едно дете почина во возило на брза помош на патот кон болница“, соопшти Министерството за внатрешни работи на Украина на „Фејсбук“.

Соболев е бизнисмен од Доњецк. Во 2010-2011 година тој беше извршен директор на државната енергетска компанија Нафтогас во државна сопственост.

Имаше неколку убиства на познати личности на улиците на Киев, откако Русија го анектираше Крим и про-московското востание се појави во источна Украина во 2014 година. Павел Шеремет, белоруски новинар познат по критиките кон раководството на неговата татковина и за пријателството со убиениот руски опозициски лидер Борис Немцов, беше убиен во автомобил бомба во Киев во 2016 година.