Убиство и самоубиство во Демир Капија, ОЈО Кавадарци врши увид

15

Убиство и самоубиство се случило утринава во Демир Капија, ваквата вест ја потресе демиркаписката но и јавноста во Тиквешијата.

Видно потресен, градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров потврди за  дека се случил немил настан, но не знаеше да каже детали за случајот. Изрази жалење и очекува истрагата да покаже што точно се случило.

ОЈО Кавадарци се уште врши увид на лице место во зграда во која се пронајдени тела на две починати лица.

– Се преземаат дејствија за испитување на настанот, информираа од Јавното обвинителство  во врска со убиството и самоубиството.

Неофицијално, повозрасен човек над 64 години, пукал во соседот што живеел над него во зграда, на возраст од околу 34 години, па се самоубил.  Наводно, причината била претходна расправија.

МВР се очекува официјална информација од нив во текот на денот.