УБИЈТЕ МЕ СЕГА Последните зборови на родилката од Мариупол кога сфатила дека бебето е мртво

0

„Убијте ме сега!“, рекла мајката кога сфатила дека го губи своето бебе во рушевините на гранатираното породилиште во украинскиот град Мариупол. Нејзината трагична приказна го обиколи светот. И мајката и бебето починале, откако лекарите пробале да ја породат со царски рез, поради изместениот колк. Бебето не покажувало знаци на живот, вели хирургот Тимур Марин, а докторите потоа пробале да ја спасат мајката, дознава Асошиејтед Прес.

Жената скоро половина час била анимирана во саботата пред да почине. Спорното гранатирање се случи во средата, а на обвинувањата за гранатирање цивилни цели руските сили одговорија дека породилиштето всушност било штаб на украински нацисти.

Во целиот хаос, лекарите немале време да го дознаат името на жената, а нејзиниот сопруг веќе дошол и ги земал телата.