УЕФА го тргна терминот „северномакедонец“ и го замени со „Македонец“

3

По реакциите на Канал 5 и македонската јавност и претставката од македонското МНР, УЕФА од официјалниот сајт го тргна терминот „Северномакедонец“ и го замени со „Македонец“ во графата за националност на претседателот на ФФМ Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски.

За да се промени терминот„Северномакедонец“ од МНР веднаш испратија реакција до Европската куќа на фудбалот.

Од МНР вчера соопштија дека постојано водат сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните на Македонија.

„Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, ентитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации.,“ – соопштија од министерството.