УЕФА почна истрага против Јувентус

3

Европската фудбалска федерација (УЕФА) објави денеска на својот официјален сајт дека отворила истрага против италијанскиот гигант Јувентус.

Овој чекор на УЕФА доаѓа откако пред неколку денови Фудбалската федерација на Италија почна истрага по обвинувањата за финансиски малверзации поврзани со плати на фудбалерите на Јувентус во текот на 2020 и 2021 година.

Клупското раководство, предводено од претседателот Андреа Ањели, на почетокот на оваа недела поднесе колективна оставка и во моментов на чело на Јувентус е ревизорот Џанлука Фереро, кој според италијанските медиуми би можел подобро да се снајде со сите финансиски и правни проблеми во кои повторно се најде клубот од Торино.

Италијанските медиуми претходно објавија дека Јувентус би можел да се соочи со драконски казни доколку со истрагата се утврди незаконско работење на досегашното клупско раководство.