Ужасно деби за Игуаин: Промаши пенал, па се „фати за гуша“ со противниците (ВИДЕО)

10

Гонзало Игуаин ја напушти Европа и се пресели во МЛС-лигата, каде што потпиша за Интер Мајами, а неговото деби за тимот од Флорида беше ужасно и сигурно сака да го заборави што е можно побрзо.

Интер Мајами тешко настрада на гостувањето кај Филаделфија и загуби со 0-3, меѓутоа ситуацијата можеше да биде поинаква ако Игуаин постигнеше гол од пенал.

Сепак, искусниот напаѓач лошо го изведе пеналот и наместо во мрежа, топката заврши далеку над голот.

Промашувањето на Игуаин почнаа да го слават домаќините, кои на Аргентинецот му се смееја во лице, а тој се налути и тргна да се тепа.