Украина не го прифаќа рускиот предлог за австриски модел на неутралност

34

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека идејата на Русија Украина да прифати неутралност во австриски стил, сепак, е неприфатлива за земјата.

Михаило Подољак, член на преговарачкиот тим на Украина, за локалните медиуми изјави дека секој мировен договор мора да биде под украински услови кои го штитат нејзиниот суверенитет.

„Го разбираме обидот на нашите партнери да останат проактивни во преговарачкиот процес“, рече Подољак. „Но, Украина сега е во состојба на директна војна со Русија“, додаде тој.

Јасно му е, вели, дека се споменува шведскиот или австрискиот модел.

„Mоделот може да биде само ‘украински’ и само со законски потврдени безбедносни гаранции. И без други модели или опции“, додаде тој.