Ултиматум од Јуве за Дибала: Или потпиши нов договор или – оди си!

20

Италијанскиот шампион Јувентус веќе подолг период преговара со аргентинската ѕвезда Пауло Дибала за нова соработка, ама тие преговори заглавија во последните шест месеци и поради тоа управата на „старата дама“ му поставила ултиматум на офанзивниот фудбалер – или да ги прифати новите условви или да си оди.

Според италијанските медиуми, ова е веројатно последниот обид на раководството на најтрофејниот италијански клуб за да го задржат Дибала, откако се појавија информации дека ПСЖ ќе се обиде да го ангажира, како една од големите желби на новиот тренер кој допрва треба да биде промовиран, Маурисио Покетино.

Дибала од Јувентус бара 15 милиони евра годишна плата или двојно повеќе од тоа што досега го заработуваше, додека „старата дама“ не попушта и не дава повеќе од десет милиони годишно.