Умира американскиот сон: Трамп ја продолжи забраната за издавање на зелени картони до крај на годината

40

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп ја продолжи забраната на издавање на зелени картони до крајот на годината, додека ги замрзна привремените визи, вклучувајќи ги и оние кои ги користат технолошките компании и мултинационалните корпорации.

Зелените картони до крајот на годината веќе нема да бидат издавани надвор од границите на САД, па ова е начин администрацијата да овозможи доволен број на работни места во момент кога економијата се подига по кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Со овие забрани ќе бидат ослободени 525.000 работни места за Американците, рекол еден анонимен функционер, наведува агенцијата АП.

Забраната за издавање на нови визи се однесува на визите Х-1Б, кои ги користат големите американски компании, визите Х-2Б за сезонски работници (освен за оние од областа земјоделство), визите Ј-1 за студенти за размена и Л-1 визи за менаџери на мултинационални корпорации.

Секако, постојат и исклучоци од ова правило, па зелени картони ќе добиваат работници кои работат во процесот на производство на храна, а тие содржат околу 15 отсто од оние кои бараат Х-2Б визи, рекол функционерот и додал дека медицинските работници кои помагаат во борба против коронавирусот ќе продолжат да работат во САД.

Претходната одлука на Трамп со која беше забрането издавање на зелени картони надвор од САД траеше 60 дена и истекува во понеделник.