Унгарија: „Фидес“ на Виктор Орбан останува со дво-третинско мнозинство во Парламентот

15

Унгарската опозиција не успеаја да го намали дво-третинското мнозинство што владеачката партија „Фидес“ на Виктор Орбан го има во Парламентот чија кандидатка победи на делумните парламентарни избори, покажуваат првичните резултати.

На вчерашните избори во шестиот округ Борсод во источна Унгарија, победи Софија Конч со 51 отсто освоени гласови, додека заедничкиот кандидат на опозицијата Ласло Биро доби 46 проценти од гласовите.

Со тоа „Фидес“ задржа 133 од 199 пратеници во унгарскиот Парламент.