Унгарската полиција затвори граничен премин со Србија поради мигрантите

17

Унгарската полиција привремено го затвори граничниот премин Келебија со Србија за да им го пресече патот на стотина мигранти што се обиделе да ја преминат границата.

Медиумите јавуваат дека 100-ина мигранти, кои се организирале преку социјалните мрежи, пристигнале до преминот Келебија во обид да го продолжат патот кон Западна Европа, но биле пречекани од барикади и интервенирала унгарската полиција. На границата, според српските медиуми, биле распоредени стотина припадници на специјалната едниница за интервенции. Мигрантите носеле транспаренти на кои пишува дека се бегалци, а не криминалци, дека сакаат во ЕУ, да се едуцираат и дека се гладни. Тие велат дека се од Мароко, Сирија, Палестина, Ирак и од Иран.

Унгарија претходно соопшти дека од декември се зголемил бројот на обидите за илегално преминување на границата.