Ураганот Хана го урна ѕидот на Трамп (ВИДЕО)

10

Хана, првиот ураган од годинешнава сезона на Атлантикот, ослабе до ниво на тропска депресија, откако вчера го погоди Тексас.

Силниот ветар превртуваше камиони и уриваше далноводи, но и дел од ѕидот на границата со Мексико.

На видео објавено на социјалните медиуми се гледа како ветрот го урива неодамна подигнатиот дел од ѕидот на границата меѓу САД и Мексико.

Хана во саботата попладне стигна до островот Падре како ураган од прва категорија на скала од пет степени, а потоа му се втури на округот Кенеди во Тексас и протатни низ дел од таа сојузна држава што беше сериозно погодена од коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Силните ветрови превртуваа камиони и уриваа дрвја, оставајќи некои куќи без покриви.

Во еден момент, повеќе од 280.000 домови останаа без електрична енергија.

На некои места паднаа повеќе од 30 сантиметри дожд на квадратен метар, па беа поплавени дел сообраќајници во јужен Тексас, но засега нема информации за повредени.