Урнати згради и повредени во силен земјотрес во Албанија, почувствуван и во нашата земја

5

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди синоќа Албанија, а потресот беше почувствуван низ цела Северна Македонија. Од јачината на ударот во Драч се урнале згради, а локалните медиуми јавуваат дека има и повредени.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија утринава регистрираше серија на земјотреси, чии епицентри потекнуваат од соседна Албанија, од подрачјето на Драч на растојание 170 километро југозападно од Скопје.

Најсилен до сега од оваа серија бил земјотресот во 3 часот и 54 минути со локална Рихтерова магнитуда 6.3 кој бил почувствуван на целата територија на Републиката.

Освен кај нас, земјотресот бил почувствуван и во Србија, Црна Гора, Италија, Грција, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија.