Урнебесна прес конференција на Клоп: Мексико се наоѓа во Средна или Јужна Америка?

4

Ливерпул вечерва ќе го одигра полуфиналниот меч на Светското клупско првенство против мексиканскиот Монтереј.

Ервопскиот првак ќе бара шанса за влез во финале и шанса за нов трофеј и ова натпреварување го сфаќа сериозно па Јирген Клоп го понесе комплетниот прв тим.

Германецот пред овој меч одржа и прес конференција на коај со насмевка им призна на новинарите дека не знае кај се наоѓа Мексико.

“А Мексико се наоѓа во Јужна Америка? Средна или Јужна Америка?”, Клоп со насмевка ги праша новинарите.

По одговорот од новинарите, тренерот на Ливерпул објасни дека сепак ја посетил оваа држава додека бил на одмор.

“Ова лето го посетив Мексико, прв пат бев таму и е прекрасно. Можам да ви го препорачам тоа место, бидејќи е убаво”, додава Клоп.