Урнебесна реакција на Фернандеш кога дозна дека ќе биде капитен на Јунајтед

17

Новата сезона во ЛШ започнува вечерва, а љубителите на фудбалот ги очекува неколку возбудливи натпревари.

Дербито се игра во Париз, каде ПСЖ го пречекува Манчестер Јунајтед. Парижаните сакаат освета бидејќи Црвените ѓаволи пред две сезони ги елиминираа во нокаут фазата.

Во тимот на Солскјер претходните недели не владее добра атмосфера. Дури почна да се зборува дека Бруно Фернандеш сака да го напушти клубот во јануари, што секако ќе биде голем удар за Јунајтед.

Португалецот е најдобриот играч на Јунајтед, а се чини дека во клубот работат на тоа да го промени мислењето. Солскјер одлучи Португалецот да биде капите на натпреварот против ПСЖ, а тоа го изненади и самиот играч.

Колку Бруно беше изненаден од оваа одлука на тренерот најдобро покажува моментот кога Солскјер откри на новинарите дека вечерва ќе ја добие капитенската лента.