Успехот со Вардар му донесе престижна награда во татковината: Карачиќ за прв пат најдобар ракометар во Хрватска

24

Миленикот на скоската публика, Игор Карачиќ го доби престижното признание за најдобар ракометар во Хрватска за 2019 година.

Хрватскиот ракометен сојуз во соработка со Спортски новости му ја додели наградата за најдобар играч на Карачиќ најмногу поради успехот кој го имаше со екиата на Вардар кога ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Освен Карачиќ, со признание се здоби и Ивана Капитановиќ која беше избрана за најдобра ракометарка за 2019 година, додека Лино Червар по 10-ти пат беше избран за тренер на годината.

Инаку, за Игор Карачиќ ова е прво вакво признание во родната земја, а потсетуваме дека екс ракометарот на Вардар бешеизбран и за МВП на Ф4 турнирот во Келн.