Уставниот суд утре одлучува за членот со кој може да се спасат обвинети од СЈО

4

Уставните судии утре на колегиум ќе дискутираат за иницијативата по членот 353, став 5 од Кривичниот законик, која се однесува на злоупотреба на службената положба и овластувања, при што има направено штета на буџетот, а опфаќа најголем дел од обвинетите од СЈО. По овој член се гонат поранешните функционери Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимри талески и уште многу обвинети во предметите на СЈО. За оваа одредба уставните судии дискутира на последната седница, а гласањето беше одложено за следната седница.

„Откога ќе завршиме со колегиумот ќе заземе став за понатамошната постапка“, изјави денеска претседателот на Уставниот суд Сали Мурати.

Иницијативата за оценување на уставноста на став 5 од членот 353 за злоупотреба на службената положба е поднесена од адвокатот Еленко Миланов, кој брани неколку поранешни функционери.

Во постарите верзии на Кривичниот законик за ова дело биле пропишани поблаги казни.