Утре нè очекува прво помрачување на Месечината: Еве што да очекувате

5

Ова помрачување ќе има големо влијание на сите хороскопски знаци.

Првото помрачување на Месечината од вкупно шест што ќе се случат во 2020 година, ќе биде на 10 јануари. Почетокот на помрачувањето ќе биде во 18 часот и 8 минути, а крајот во 22 часот и 12 минути.

Ова помрачување ќе има големо влијание на сите хороскопски знаци. Астролозите препорачуваат да не донесувате нагли одлуки, без претходни размислувања.

Помрачувањето ќе внесе немир, ама и тоа брзо ќе помине. Сè што ви е потребно е малку трпение.

Поволен период ќе биде единствено за Лавовите и за Девиците на кои ќе им донесе можност за нова љубов и напредување во кариерата.

На удар ќе бидат емоциите, па многумина ќе се чувствуваат раздразливо и ќе имаат недостаток на енергија, затоа не реагирајте на „прва“, туку претходно добро размислете.

Бидејќи Месечината е во опозиција со транзитните планети во Јарец, тогаш кај поедини лица може да донесе празнина, емотивен студ и песимизам. Нагласени се и завист, љубомора, очај, страв, безнадежност, а можат да се јават уште многу фрустрации.