Утринава нов земјотрес во гостиварскиот регион – ноќеска почувствувани три земјотреси во Македонија

78

Три земјотреси ноќеска почувствувани во Македонија.

Два земјотреси со магнитуда од 3,2 степени и 2,8 степени според Рихтер на 19 километри југозападно од Гостивар, додека пак еден од 2,8 степени е почувствуван на 18 километри од Зајас.

Земјотресите биле на длабочина од 10 километри.

Инаку, земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Европската макросеизмичка скала е регистриран изутрина во 7.44 минути на 16 километри километри југозападно од Гостивар.