Утрово затворен граничниот премин „Пелинце“

11

Сите патници и возила кои планираат да патуваат од Србија кон нашата земја и обратно ќе се пренасочуваат кон преминот Табановце – Прешево.

Утрово од 7 часот затворен е граничниот премин „Пелинце“ кон Србија за возила и патници. Ваквата одлука доаѓа откако соседна Србија донесе одлука за преземање поригорозни мерки за заштита од коронавирусот.

Сите патници и возила кои планираат да патуваат од Србија кон нашата земја и обратно ќе се пренасочуваат кон преминот Табановце – Прешево.