Учебната година најверојатно ќе почне на 1 октомври, објави Мандатарот Заев

15

Мандатарот Зоран Заев кажа дека учебната година најверојатно ќе почне на 1 октомври, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција пред Собранието, каде што беше да го достави предлогот за нова влада.

„Школската година нема да почне на 1 септември. Тенденцијата на подготовките поради здравствените протоколи ја носат работата тоа да биде на 1 октомври. На првата владина седница ќе биде донесена одлука, а ќе следуваат и законски измени“, изјави Заев.

Претходно, министерот за образование Арбр Адеми кажа дека учебната година најверојатно ќе почне на 15 септември.