Учениците влегоа на првиот час годинава

29

Учениците од прво до трето одделение денеска го имаат првиот училишен ден, еден месец подоцна од вообичаено, поради пандеијата од корона вирус, пишува Независен.

Видно возбудени, учениците облечени во униформи, но со маски на лицето, заедно со родителите доаѓаа во училишниот двор на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во скопско Ново Лисиче, застануваа на обележаните места и чекаа да влезат во училниците.

Училиштето има отворено четири влеза, со цел учениците помалку да се сретнуваат, да не се ствара метеж и да се запазат протоколите за заштита од ширење на заразата со корона вирус.

Наставничките ги дочекуваа пред влезот, при што децата ги дезинфицираа рацете, потоа им се мереше температура со топломер од далечина, а потоа влегуваа внатре. Доколку на некое дете му е измерена температура повисока од 37,4 степени Целзиусови тоа се враќа дома. На родителите на првачињата, на родителска средба, деновиве им било кажано дека доколку кај негое дете се измери зголемена телесна температура, тоа ќе биде ставено во посебна просторија со надзор од возрасен и ќе се чека претставници од Институтот за јавно здравје да им земе брис, без разлика која е причината за покачената температура.

Не е дозволен влез на родителите до училниците. Внатре пак, децата ќе седат во клупите по еден. Секое дете треба да носи антибактериски марамчиња со кои ќе ја пребрише клупата, како и три маски, за да може да ја замени онаа маска што можеби ќе му падне или ќе се извалка.

Денеска, на првиот училиен ден, децата треба да бидат запознаени со протоколите за однесување во училиштето во услови на пандемија, а ќе им се објасни и што значи зараза со корона вирус.

За понатамошниот тек на учебната година, наставниците ги подготвија и родителите и децата, укажувајќи им дека нема да смеат да си менуваат моливи, фломастри и боички, туку секое дете треба да има потпишан прибор и да го користи само својот. Исто така, материјалите за учење нема да им стојат во училницата, туку секојдневно во ранците ќе носат она што им е потребно за тој ден, според распоредот. Јадење ќе носат од дома.

текстот е превземен од Независен.мк