Уште еден член на СДСМ ќе се „бори“ за градоначалник на Аеродром

2

Повеќе членови на СДСМ ги поднесоа своите кандидатури за градоначалници на општината Аеродром. Еден од нив е и актуелниот градоначалник Златко Марин, од чија работа поголем дел од граѓаните не се задоволни.

Вчера уште еден член на партијата, Дејан Павлески, кој е и актуелен директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, поднел кандидатура до партијата. Тој е трет по ред откако Александар Филиповски и актеулениот градоначалник Златко Марин објавија на фејсбук дека и тие поднеле кандидатури.

Сите потенцијални кандидати се сигурни дека ќе ја добијат поддршката од месните комитети, но се чека да добијат поддршка и од претседателот на партијата.