Уште еднаш за медиумите во Тирана

27

Не сме знаеле дека толкава некултура има во меѓѕ телевизиските медиуми во Албанија, кои заправо сега, кога треба да се на ниво на професионална одговорност, тие поминуваат во облици на мајмунство за создавање на деформирани медиумски фабули.

Од Емин АЗЕМИ

Медиуми без професионална етика се како тие огради без колци што не можат да држат ниту измет на птици. Тие не само што се судираат во земја, после најслабиот ветер, туку можат и да ти наштетат, затоа што можат да те зафатат со нивната аморалност.

Една национална телевизиска станица во Тирана, деновиве не запира со утринско шоу, покажувајќи јасни знаци на шизофренија. Музиката и бучавата што доаѓаат од студиото, каде модераторот без здрав мозок ја игра улогата на шоумен, со цел да те наежат со неконтролирана количина на нехумано и неетичко чувство.

Земјотресот што погоди животи на луѓе и изгорени души за загуба на најблиските, не претставува никаква пречка за овие медиуми (мнозинство од нив) кои на крајот на краиштата го загубиле моралното право да бидат јавни радио-дифузери на гласот на публиката. Не сме знаеле дека толку некултура има меѓу телевизиските медиуми во Албанија, кои во моментот, кога треба да бидат на ниво на професионална одговорност, тие преминуваат во мајмунски облик на создавање на деформирани медиумски фабули.

Еден дел на раководителите на телевизиските емисии, глумејќи сезналици, поставуваат залудни прашања. Другиот дел, го прекинуваат соговорникот во моментот кога не треба да се прекинува, додека третиот повикува во студио несоодветни луѓе кои зборуваат за стебла и метли.

Сега, кога професионалната мобилизација треба да достигне повисоки квоти на етичко известување, некои телевизии во Тирана, без никаква човечка совест ги претвораат дебатите во провинциско шоу на бурлески, каде доминира телевизискиот шунд со целиот талог од луѓе кои сакаат да ги лекуваат комплексите со взаемно навредување.

И во вонредни состојби, како што поминува деновиве Албанија и целото албанштина, телевизиите не можат да ги пронајдат вистинските професионални параметри. Како се чини, повеќето од овие медиуми се формирани се само за шоуа и фолк дебати и ненаучени со вонредни состојби, тие не можат никако да се прилагодат. Никако да се откажат од лошите манири на претворање на телевизиските студија во штали за животни, каде сите зборуваат одеднаш, каде никој не го слуша другиот и каде водителот на емисијата станува жив само во моментот кога треба да се објавува рекламниот блок.

Можеби е дојдено времето за повисок професионален и етички стандард во медиумите на Албанија, и тоа може да се случува ако некои гигантски меѓународни мрежи, како што се Си-Ен-Ен, Еуро Њуз, Ал Џазира.., продолжуваат да се етаблираат поцврсто во тамошните медиумски амбиент, изнесувајќи ги од користењето на оваа пералница на олигарси, што некој ги нарекува телевизија (секоја почит на исклучоците).