Уште четри заразени со коронавирус во Косово

12

Бројот на зарзени лица во Косово со вирусот Ковид-19 се искачи на 13, соопшти министерот за здравство, Арбен Витиа.

Се работи за блиски членови на пациентот од Стубула-Витиа, кој беше дијагностициран со овој вирус на 13 март.

– Целото семејство било во самоизолациjа и националниот Институт за јавно здравје изврши тестирање и на другите членови – напиша министерот на Фејсбук.

Тој побара од граѓаните да покажат свесност и да помогнат во оваа ситуација.

– Не излегувајте освен за итни случаи. Следете ги упаствата на министерството за здравство и на националниот Институт за јавно здравје – напиша Витиа.