Уште 254 мртви од коронавирусот, уште 15 илјади заразени

7

Кина пријави 254 нови дневни смртни случаи и подем од 15.115 дневно во бројот на заразените, откако во најтешко погодената провинција Хубеи беше применета нова методологија за категоризација на случаите.

Вкупната бројка на мртви од повеќе од двомесечната епидемија, како што беше соопштено денеска, изнесува 1.367, а вкупниот број на потврдени заразени случаи се искачи на 59.804. Промената во категоризирањето се состои од тоа што докторите ја прават дијагнозата на самото место, а досега се чекаа резултатите од лабораториските тестови.

Кина во четвртокот ги замени своите највисоки функционери во централната провинција Хубеи и во нејзиниот главен град Вухан, епицентарот на вирусната епидемија што зарази повеќе од 50.000 луѓе низ целиот свет.

Промените следуваат по отпуштањето двајца водачи на провинциската здравствена комисија претходно неделава. Државните медиуми, исто така, објавија дека некои функционери се протерани од партијата за престапи поврзани со епидемијата.

Јавноста масовно ги критикуваше локалните власти за справувањето со епидемијата на новата форма на коронавирус.