Уште 788 лица со решение за изолација, 432 казни за неносење маска

17
На вкупно 788 граѓани им се издадени решение за изолација како превенција од ширењето на коронавирусот, додека 432 лица биле затекнати како се однесувааа неодговорно неносејќи заштитна маска.
 
Од страна на полициските службеници во изминатото деноноќие се регистрирани 432 прекршока за неносење лична заштита на лицето со што вкупната бројка дојде до 26.882 прекршока.
 
Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие извршени се 66 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.
 
На територијата на целата држава на вкупно 788 лица им се издадени решенија за изолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.