Фалбите на Талески ја изнервираа Кацарска

4

На локалните избори во 2005 година бев избран за градоначалник на Битола. Долги години пред да станам градоначалник работев во битолскиот Драмски театар. Јас завршив Факултет за драмски уметности во Скопје, а докторирав на националниот Институт за историја за драмски уметности во земјава – рече актерот и екс градоначалник на Битола, Владимир Талески.

Рече дека после завршување на мандатот се вратил на старото работно место во битолскиот театар.

Во уводните зборови во својата одбрана Талески скоро 30 минути се фалеше со своите успеси како градоначалник, со освоените награди и признанија и за странските вложувања во индустриската зона “Жабени”. Фалбите на Талески беа прекинати од судијката Добри Кацарска, која нагласи обвинетиот и неговиот адвокат да се држат до предметот, а не да говорат за индустриски зони. Талески рече дека со процесот на децентрализација општините немале 100 отсто слобода да ги финансираат општините, па поставил раководител кој имал искуство во книговоствени работи во образованието во делот на финансирање на училиштата.

– Со Блок дотации од Министерството за образование се пуштаа до општината, а потоа тие пари се препракаа за училиштата. Овие пари никој не можеше да ги пренамени. Парите беа за плати на вработените во училиштата и за материјални трошоци – изјави Талески.

Нагласи дека од 2008 година законски било училиштата да обезбедат слободен превоз за учениците од средните училишта без разлика каде живеат учениците.

– Освен училиштата, законска надлежност за организирање на превоз на учениците имаа и општините. Тогашната раководителка за образивание и колешката за оргабизирање Буџет ме известија дека добиле докумет со кој општина Битола добила ингеренции за организирање на транспорт на ученици. Разговаравме за сите можни проблеми и ми беше посочено дека превозот на средношколците нема да биде ист како што е превозот на основците бидејќи во битолските училишта можели да се запишат деца од други соседни општини. Тоа беше проблем. Дел од учениците од Битола можеа да го користат градскиот превоз во градот, па се направи дополнителен превоз до местата кој не беа “покриени” со овој превоз, а имаше организиран и мешшопштински превоз на учениците – рече Талески.

Поранешниот битолски градоначалник е првообвинет во случајот „Транспортер“. Тој заедно со уште 22 лица се обвинети за злоупотреби со превозот на ученици во Битола. Штетата од делото кое го сториле се проценува на околу 360.000 евра.