Фановите на Бока со маски на Габриел му фаќаа сеир на Ривер!

4

Фудбалот во Ј. Америка е религија, омразата кон ривалот е преголема. Па така покрај фановите на Фламенго, токму тие што ја сакаат Бока Јуниорс, најголемиот ривал на Ривер Плата, најмногу и се радуваат на поразот на сега веќе екс првакот на Ј. Америка.

Габриел Барбоса или Габи-гол, човекот кој што го уништи Ривер сега е новиот миленик на фановите на Бока. Имено тие на вчерашниот првенствен меч на својот тим дојдоа со маски со ликот на Габриел. Нема сомневање дека уживаат во овие моменти кога во Ривер се тагува. Да потсетиме дека во финалето екс шампионот со двата гола на Габриел Барбоса во 89. и 91. минута загуби од Фламенго.