Фаучи: проблематичен тренд на коронавирусот во САД

25

Вознемирувачкиот тренд на пораст на случаи на коронавирус во Соединетите држави посочуваат дека најлошото од појавата на оваа епидемија може да следува, посочуваат експертите во САД каде што стапките на инфекции и на смртност од коронавирусот растат во скоро половина од 50 држави. Шефот на Националниот институт за здравство Ентони Фаучи изјави во Конгресот дека следните недели ќе бидат „критични“ во спротивставувањето со нагорниот тренд на инфекции во Тексас, Аризона, Флорида и други држави. „Тие не се единствените што имаат потешкотии“, рече тој.

Ковид-19 во кланица во Германија ја загрозува стратегијата за локални мерки

Дневно сега има по 30.000 случаи, откако бројот падна на околу 20.000 за време на блокадите и ограничувањата. „Ова е многу проблематично за мене“, рече Фаучи кој ги повика луѓето да избегнуваат гужви и да носат маски. Соединетите држави „сè уште се среде првиот бран“, рече тој. Во светски рамки, според универзитетот Џонс Хопкинс, има скоро 9,2 милиони луѓе кои се заразени со вирусот, а повеќе од 474.000 починале.