Фаучи: Сите студенти во САД ќе бидат вакцинирани до 2022 година

6

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи изјави денес дека студентите од последните години во САД ќе бидат вакцинирани до есен, додека нивните помлади колеги, најверојатно, ќе бидат вакцинирани на почетокот на 2022 година.

Тој претходно рече дека секоја вакцина против инфекција со ковид-19 треба да се прими, без оглед за која станува збор.

Фаучи изрази уверување дека националните центри за контрола и превенција на болести ќе одобрат олеснување на мерките за вакцинираните во следните неколку дена и апелираше до 80 проценти од Американците, кои сè уште чекаат на вакцинација, да се придржуваат и да ги спроведуваат превентивните антиепидемиски мерки.

„Ние сме на добар пат, само треба да издржиме уште малку“,рече д-р Фаучи во интервју за Си-би-ес.

Фаучи рече дека постои трка меѓу вирусот и давање вакцина на луѓето и дека колку подолго чекате со вакцинацијата толку е поголема шансата вирусот да развие нова варијанта или мутација.

Најчестиот мутиран вид на вирусот што се јавува во САД е британскиот. Фаучи рече дека вакцините што се дистрибуираат во САД можат да го потиснат тој вид.

Во САД, во просек, околу 2,1 милиони луѓе се вакцинираат дневно.