Фајон и Лајчак разговараа за Западен Балкан

2

 

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, денеска во Брисел разговараше со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за ситуацијата на Западен Балкан.

Пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Фајон разговараше со Лајчак за ситуацијата во регионот, по нејзините неодамнешни посети на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, објави словенечкото Министерство за надворешни работи на Твитер.

Од 13 до 16 јануари Фајон ги посети Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово и разговараше со државниот врв на трите земји.