ФА почна истрага: Тухел го чека долга суспензија поради инцидентот со Конте

0

Тренерот на Челси, Томас Тухел вчера имаше физичка пресметка со Антонио Конте по мечот меѓу лондонските гиганти (2-2), по што двајцата заработија црвени картони.

Тоа значи дека нема да бидат на клупата за следните натпревари на своите тимови, а Тухел би можел да добие поголема казна поради коментарите кон судијата Ентони Тејлор, кој го оштети Челси.

Германецот не беше среќен поради Тејлор и го критикуваше поради двата примени гола, а очигледно на Фудбалска асоцијација на Англија (ФА) не ѝ се допаѓа вистината, па реши да го казни Тухел.

ФА почна истрага против тренерот на Челси, кој би можел да добие продолжена суспензија и парична казна зашто не се дозволува коментирање на судењето, дури и кога судиите не се во право, како што во случајот со Тејлор.