ФБИ објави снимка од човекот кој поставувал бомби пред нападот на Капитол

57

ФБИ вчера објави нови снимки од човекот кој поставува импровизирана експлозивна направа пред седиштето на републиканскиот и демократскиот национален одбор ноќта пред нападот на Капитол.

Маскирано лице со качулка на главата на 5 јануари подметнува две бомби во блзина на седиштата на Демократската и на републиканската партија, наведува ФБИ. На видеозаписот се гледа како во еден момент сопира за да ги избрише очилата.

ФБИ моли за помош доколку граѓаните имаат некаква помош за сторителот и нуди 100.000 долари.

Не е познато зошто бомбите не експлодирале

„Се надеваме дека денеска објавените информации ќе му помогнат неколму да го препознае осомничениот“, рече Стивен Д`Антуоно, помошник директор на ФБИ, а пренесе Си-ен-ен.

Специјалните служби околу 13 часот на 6 јануари ги пронајдоа двете бомби, што се случи во време кога толпата поддржувачи на Трамп нагрнаа на Капитол.

Не е познато зошто бомбите не експлодирале. Едната теорија е дека часовниците на бомбите биле поставени на погрешно време, а другата дека дошло до проблеми со батериите.