Федерер и натаму е спортист со најголема заработка – пред Роналдо и Меси

31

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е на врвот на листата на спортисти со најголема заработка во една година. Тој во периодот од јуни 2019 до јуни 2020 година инкасирал фантастични 106,3 милиони долари.

Интересно е тоа што ветеранот во 2020 година играше само еден турнир и тоа Австралија опен и потоа замина на две операции на коленото. Сепак, најголемата заработка на Федерар се должи од неговите неверојатни спонзорски договори, па од овие 106,3 милиони, точно 100 милиони инкасирал од спонзорите. За разлика од него, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ има заработено „само“ 44,6 милиони долари во овој период иако настапи на речиси сите турнири.

Втор на оваа листа на спортисти со најголема заработка е Кристијано Роналдо со 105 милиони, зад него е Лионел Меси со 104 милиони. Потоа следуваат Нејмар (95,5 милиони), Леброн Џејмс (88,2), Стеф Кари (74,4), Кевин Дурент (63,9) и Тајгер Вудс (62,3).