Федерер: Сакам да играм тенис и во 2021 година

40

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер најави дека планира да игра тенис и во 2021 година кога ќе има 40 години. Швајцарецот потврди дека идната година ќе ги прескокне турнирите на земја, но ќе настапи на Ролан Гарос.

– Веќе е направен календарот за 2020 година, а за 2021 година сèуште не знам. Сепак, кај мене се е ок и моам да игра,. Зашто да не се натпреварувам и во 2021 година – изјави Федерер.

Тој истакна дека конечната одлука ќе ја донесе по консултација со сопругата Мирка Вавринец.

– Нема да ја игра целата сезона на земја, туку само на главниот турнир и се надевам дека ќе се избегнат повредите. Се чувствувам добро, а кога се чувствуваш така, тогаш и играш добро – потенцира Федерер.