Ферари најде замена за Себастијан Фетел

Најгламурозниот тим во Формула 1, италијанска Скудерија Ферари брзо ја најде замената за својот прв возач Себастијан Фетел, кој од идната година повеќе нема да вози за „црвениот барон“ и наследникот е – Карлос Сајнц.

28

Фетел не го продолжи договорот со италијанскиот тим и сега откако тоа беше обелоденето јавноста ептен се заинтересира кој ќе го замени во легендарниот италијански тим, а изборот падна на Сајнц. Информацијата ја објави „ЕСПН“, повикувајќи се на извори во Ферари и најави дека многу брзо таа соработка ќе биде официјализирана.

Според најавите веќе денеска е можно да се официјализира доаѓањето на Сајнц во тимот. Тој од 2017 година вози за Рено, а најдобро возеше во Мекларен, кога заврши како шестопласиран во генералниот пласман.

Светскиот првак Луис Хамилтон се поврзуваше со местото во Ферари, но сето тоа испадна само шпекулација. Сезоната во Ф1 не ни стартуваше поради пандемијата со коронавирус, а првата трка треба да се вози во Австрија на 5 јули.