Фетаи по пресудата: Обвинителството не е задоволно од изречените казни, ќе поднесеме жалба

134

Обвинителката Фатиме Фетаи, по пресудите за „Насилство во Центар“, истакна дека Обвинителството ќе се жали на пресудите, со оглед дека не се задоволни од изречените казни за обвинетите.

„Дека не сум задоволна од изречените казни, особено од условните казни на обвинетите. Јас во завршните зборови кажав дека алтернативна мерка, условна казна доаѓа во предвид само за Игор Бошковски. За другите сметав дека мораше да има казна затвор. И затоа ќе поднесеме жалба на овие пресуди“, рече Фетаи.