Филд: Дејтонскиот договор не е соврешен, но секоја измена мора да биде со консезус

10

Дејтонскиот договор имаше за цел да го заврши судирот во БиХ и тој не е совршен, но било какви промени мораат да бидат реализизрани со постигнување консензус, како и преку конструктивен дијалог, изјави амабасадорот на Обединетото кралство во Сараево, Метју Филд .

„Тие промени треба земјата да ја приближат до европските и меѓународните стандарди, а не да ја одалечат“, истакна Филд во интервју за бањалучкиот весник „Независне новине“.

Филд изјави дека од Дејтонскиот договор во земјата мирот се оддржува цели 25 години.

„Дејтон не е совршен, што можевме да видиме преку одлуките на Европскиот суд за човекови права во случаите против БиХ, но било кои промени на Уставот на оваа земја мора да се постигнат преку конструктивен дијалог и постигнување консензус“, додаде британскиот амбасадор.