Филипче:Трансмисијата на вирусот ќе стивне за два-три месеци ако се почитуваат препораките

22

Нови 628 случаи со ковид-19 од 2236 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на министерството за здравство.

Починати се 15 пациенти од кои седум од Скопје. Регистрирани се 531 оздравен пациент. Вкупниот број на активни случаи изнесува 7399.

Есенскиот бран на ковид-19 ги наполни и болниците. Хоспитализирани се околу 650 лица, од кои 110 се на кислородона подрршка, а еден пациен е на респиратор.

Зголемени се капацитетите за тестирање за ковид-19 во јавните здравствени установи. Министерот за здравство Венко Филипче синоќа во телевизиско гостување апелираше приватните лаборатории да ги намалат цените на тестирањата.

Тој оценува дека пакетот мерки за превенција од корона вирусот е така димензиониран, што ако граѓаните целосно ги почитуваат препораките ,во голема мера ќе приднесат за намалување на трансмисијата на ковид-19 во наредните два до три месеци, односно силата на пренесување која во моментов ја има вирусот едноставно ќе спласне.