Филипче: Браво момци Македонци, славете со почитување на мерките

23

Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва им честиташе на фудбалерите за пласманот на Европското првенство. Воедно, ги замоли да прослават со почитување на мерките.

-Браво момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација, напиша Филипче.