Филипче: Вакцини што ќе ги донесеме во земјава ќе бидат безбедни

16

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска во изјава за новинарите кажа дека во Македонија се уште не е детектиран новиот вид на коронавирус како оној во Велика Британија.

„Од летото досега, во лабораторијата на МАНУ се детектирани шест-седум типа, со мутации како што биле и во Британија. Но, не се работи за истиот, туку за сосема различен, што е откриен во Србија и во Швајцарија“, истакна Филипче.

Сите вакцини што ќе ги донесеме во земјава ќе бидат соодветно сертифицирани и безбедни, а согласно планот за дистрибуција ќе биде направен и планот за апликација, изјави Филипче.

– Целиот овој изминат период интензивно комуницираме со компанијата „Фајзер“ поради тоа што во овој момент таа е единствената компанија што ги има добиено потребните дозволи за итна употреба на нејзината вакцина од двете најзначајни регулаторни тела, а тоа се Американската агенција за лекови (ФДИ) и од Европската агенција за лекови (ЕМА), додаде Филипче.