Филипче: Во моментов нема потреба од рестриктивни мерки внатре во државата

12

Во овој момент нема потреба од воведување на рестриктивни мерки во внатрешното функционирање на државата, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Запрашан за што би се разговарало на најавениот состанок со членови на Комисијата за заштита од заразни болести, Филипче вели:

„Претежно ќе се зборува за тоа дали треба нешто да се препорача во однос на критериумите за влез, на границите, иако гледаме дека многу земји во регионот иако имаат некакви рестриктивни мерки, Грција на пример, има пораст на нови случаи. Треба да се препорачаат мерки којашто навистина ќе биде ефикасни“, рече Филипче.