Филипче го претстави протоколот за работа на градинките

60

Министрите за здравство и за труд и социјална политика, Венко Филипче и Јагода Шахпаска на заедничка прес конференција ги претставија протоколите за работа на градинките кои, како што е најавено, со работа треба да започнат на 9 септември.

Како што е соопштено, просториите и дворовите на објектите редовно ќе се дезинфицираат, секој вработен ќе има лични заштитни средства и термометар со кој на секое дете при влез во објектот ќе му се мери температурата.

„Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории. Вработените имаат обврска да го следат сопственото здравје и здравјето на децата при прием и за време на престојот“, рече министерот Филипче.

Групите на деца ќе се организираат така што кај категориите до 2 години ќе има најмногу до шест деца, а кај повозрасните до 15.

Секое дете ќе има своја постела за спиење, масите ќе бидат на растојание од најмалку 1,5 метри. Приемот на деца ќе биде на 10 минути со еден родител, кој ќе носи заштитна маска.